Малиот Македон од Тетово е вистински генијалец: Игра шах, наизуст ја знае старословенската азбука, а сега повторно се закити со златен медал на натпревар по математика

Точка

28/02/2024

12:04

5.200

Големина на фонт

а а а

Малиот Македон Димитровски од Тетово повторно е доказ дека талентот не познава граници.

Тој учествува на семинари за македонски јазик и литература, игра шах, а сега повторно успеа да освои златен медал по математика.

Македон овојпат освои златен медал во зимскиот дел од натпреварот „Математика без граници“, што се одржа на почетокот на овој месец.


Во зимскиот дел од натпреварувањето учествуваа 28 земји, меѓу кои и Македонија, а резултатите од престижното натпреварување беа објавени денес на официјалниот веб-сајт на турнирот.

Како што може да се види од резултатите, малиот генијалец од Тетово повторно успеа да се закити со златен медал во натпреварувањето за трето одделение и со тоа да нè направи горди, затоа што навистина поседуваме вистински таленти.


Инаку, Македон е прв основец што ја добил наградата за млад талент, а за време на зимскиот распуст тој имаше средба со странските македонисти во рамки на четвртата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.


За време на семинарот, Македон ги воодушеви сите со познавањето на дејноста на светите браќа Кирил и Методиј, но и со тоа што наизуст ја знае старословенската азбука.

Исто така, тој беше дел и од симултано натпреварување во шах, каде успеа да заврши со нерешен резултат.

Мотивирани од иницијативата „Да направиме место за вистински да се поврземе“ на Македонски Телеком, во рубриката „Добри вести“ на Точка ќе споделуваме приказни кои го осветлуваат позитивното, надежното и инспиративното. Да #НаправимеМесто за посветло утре, за повеќе разбирање, емпатија и блискост.