[ВИДЕО] Меси за рака држеше дете кое е три пати побогато од него: Неговите родители се планетарни мегаѕвезди

Точка

27/02/2024

16:11

8.928

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси на натпреварот меѓу Лос Анџелес Галакси и Интер од Мајами (1-1) излезе на терен држејќи го за рака детето кое е сè, само не анонимно. И плус, неверојатно богато.

Меси на терен излезе со 8-годишно дете кое било планетарно познато и пред да дојде на светот, било вест во сите медиуми кога неговата мајка останала бремена.

Да, станува збор за синот на Ким Кардашијан и славниот рапер Канје Вест.

Токму Ким се пофалила дека Сент на терен излегол со Меси.

„Сент оди покрај Меси и излегува на теренот на натпреварот меѓу Галакси и Мајами. Тој апсолутно го живее својот сон“, напишала гордата мајка.

Богатството на Меси се проценува на околу 600 милиони долари, додека богатството на Ким Кардашијан и Канје Вест заедно се проценува на околу 2 милијарди долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг