Моника Левински објави нови фотографии и речиси е невозможно да ја препознаете: Еве како денес изгледа најпознатата љубовница на светот

Точка

27/02/2024

12:36

9.214

Големина на фонт

а а а

Активистката и писателка, која од 1995 година ја носи и титулата најпознатата љубовница во светот, Моника Левински (50), денес изгледа многу поинаку од времето кога во јавноста одекна веста дека имала афера со поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Во меѓувреме таа „целосно го трансформирала“ својот изглед, а многумина се согласуваат дека никогаш не изгледала подобро.

Левински се претстави во новата кампања на брендот „Reformation“, која е поддржана и од организацијата „vote.org“. Целта е да се мотивираат жените да излезат на претстојните претседателски избори во Америка и да го дадат својот глас „со стил“. Тука не се работи за начинот на облекување, туку за храброста и ставот.

„Моќната жена го користи својот глас“, вели Левински во кампањата наречена „You've Got the Power“.

Иако во прв план е самата цел на кампањата, интересни се и модните парчиња во кои Левински позирала, а нивните цени се движат од 198 до 448 долари.

Левински, која работеше за Клинтон во текот на 1990-те и беше на удар на критики поради нејзината афера со поранешниот претседател, сигурно знае по нешто за користењето на својот глас. Таа беше копродуцент на документарниот филм на HBO Max „15 Minutes of Shame“ во 2021 година, кој истражува како културата на откажување и посрамотувањето на интернет влијае на луѓето како неа.


Да потсетиме, Моника Левински и Бил Клинтон се гледаа од 1995 до 1997 година, а често неговата лична секретарка внимавала да не ги фатат. Кога во Белата куќа се појавија информации дека се во врска, Моника била префрлена во зградата на Пентагон. Таму се зближила со 24 години постарата колешка Линда Трип на која ѝ се доверила за нејзината врска со претседателот, а Линда започнала тајно да ги снима нивните телефонски разговори.

И Моника и Клинтон на почетокот лажеа под заклетва за аферата, но кога истражителите го споменале синиот фустан со дамки од спермата на претседателот, тие повеќе не можеле да ги избегнат проблемите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг