Култното трио од „The Devil Wears Prada“ повторно се обедини по 18 години: Славните актерки ги украдоа сите погледи на црвениот тепих

Точка

25/02/2024

15:17

4.918

Големина на фонт

а а а

Екипата на филмот „The Devil Wears Prada“, Мерил Стрип, Ен Хатавеј и Емили Блант повторно се обединија на доделувањето на „SAG“ наградите во Лос Анџелес, и тоа 18 години по емитувањето на ова остварување.

Актерките се појавија на сцената во улога на водителки за да ја доделат наградата за најдобар актер во хумористична серија, која му припадна на Џереми Алан Вајт.

Мерил Стрип прва излезе на сцената и тоа сама, велејќи ѝ на публиката дека ги заборавила очилата и пликот со името на овогодишниот победник. Потоа, на сцената излегоа Ен Хатавеј и Емили Блант кои ѝ ги предадоа работите што ѝ недостасуваа, а овој потег требаше да ја потсети публиката на фактот дека во филмот ги глумеа асистентките на Миранда Пристли која ја „ оживеа“ Мерил.


„Како што видовме, Мерил и Миранда Пристли се како близначки“, на шега искоментира Емили, на што се надоврза и Ен. „Не, не, тоа не беше прашање“, рече таа, што всушност е референца на култната сцена во која Миранда констатира дека Енди, ликот на Ен од филмот, нема вкус за мода.

За потсетување, „The Devil Wears Prada“ е снимен во 2006 година, а иако поминаа речиси две децении, Мерил Стрип сè уште изгледа фантастично, додека Емили и Ен сега се дефинитивно поатрактивни и подобро стилизирани.


Сите три дами синоќа заблескаа во скапи креации: 74-годишната Мерил избрала бордо фустан од полупроѕирен тул украсен со сребрени штрасови, а истиот е потпишан, веројатно намерно, од „Prada“.

Ен Хатавеј се појави во кобалтно син фустан на „Versace“ со голем ремен на половината, длабоко деколте и мал изрез под градите. Блант, пак, заблеска во тесен, црвен фустан на „Louis Vuitton“ со смело деколте.



Спонзорирани линкови

Маркетинг