[ФОТО] Познатата македонска водителка го кажа судбоносното „да“ на зајдисонце во Занзибар: „Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“

Точка

23/02/2024

19:30

13.978

Големина на фонт

а а а

Познатата македонска водителка Ведрана Ѓорѓевиќ му го кажа судбоносното „да“ на својот долгогодишен партнер Андрија Антиќ од Србија, во јавноста попознат како диџеј Ендрју Милер.

Андреј jа запроси својата сакана во Занзибар, а моментот којшто го овековечиле со фотографија е навистина романтичен поради тоа што се случил на зајдисонце.

Парот среќната вест ја споделил на социјалната мрежа Инстаграм, а под неа има опис:

„Кога ќе ја најдеш сродната душа, само е прашање на време“.

Под објавата добиле многубројни честитки од своите пријатели:

„Многу сум среќна за вас. Секогаш вака вљубени и среќни да ве гледаме, полно срце!“, „Со среќа и само убавини и насмевки“, „Вечно заљубени“, „Честитки, нека биде радост“...

Инаку, Ведрана и Андреј веќе подолго време уживаат на Занзибар откако периодов имаа патувања низ цела Европа поради настапите на диџејот.

Им ја посакуваме цела среќа на светов!




Спонзорирани линкови

Маркетинг