[ВИДЕО] Гледачите шокирани од сексистичкиот однос на пејачот кон Северина: „Држењето јајца тебе подобро ти стои“

Точка

23/02/2024

14:21

11.351

Големина на фонт

а а а

Пејачите Еуген Стјепан Вишиќ и Саша Лозар ги шокираа гледачите на Дора, хрватскиот избор за песна за Евровизија, со своето сексистичко однесување кон Северина.

„Уште нешто - мислам дека држењето јајца тебе подобро ти стои отколку мене. Можеш ли да го направиш тоа?“, ја прашал Еуген. Северина останала во шок по неговата изјава.

Иако на социјалните мрежи се најдоа и непримерни коментари, голем број луѓе го осудија овој чин.

„Вулгарно“, „Кој го пушти типов да се појави на телевизија?“, „Навистина не е нормален“, беа дел од реакциите.

Еуген потоа ѝ се извини на Северина со објава на Инстаграм. „Ја сакам Северина од кога се сеќавам. „Фората со јајцата“ беше поради целата приказна со кокошки и жена од друга планета (како во настапот)“, напиша Еуген со заедничката фотографија со Северина.


За жал, тоа не беше крајот на непријатното искуство за Северина. Пејачот Саша Лозар исто така со неговите прашања ја навреди пејачката.

"Дали е тоа твоето јајце, Северина? Од кралицата на кокошките? Чекај, имам уште едно јајце", рече тој на англиски и посегна кон своите панталони.

„Не е толку големо, но ќе биде добро“, додаде тој.

За потсетување, Северина се појави на сцената за време на изведбата на групата „Лет 3“. Оваа група се пласираше во финалето на Дора закажано за недела. Поминаа и Павел, Винко Ќемераш, Еуген, Марио Батифијака и Роберт Ферлин, Стефани, Саша Лозар и Лана Мандариќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг