[ФОТО] Сакала да носи нешто поедноставно, но Жан Пол Готје кажал – не: Овој фустан е еден од најубавите модни моменти во историјата на Оскарите

Точка

23/02/2024

23:36

12.932

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на претстојното доделување на Оскарите, се присетуваме на некои од најспектакуларните фустани до сега, а ова секако дека е еден од нив.

Во текот на 95 години долгата историја на доделување на Оскарите, имавме можност да видиме некои од најголемите достигнувања во модната индустрија, а црвениот тепих станал речиси исто важен колку и самото врачување на признанијата.

Некои од најубавите жени на светот носеле креации од водечките модни дизајнери, па речиси и невозможно е да се состави конечна листа од 20 најубави фустани во историјата на Оскарите.


Меѓутоа, еден нов фустан сигурно би се додал на тоа место, тоа е оној фустан којшто го носела француската актерка Марион Котијар во текот на 2008 година.

Марион тогаш била номинирана за најдобра актерка за нејзината улога во „La Vie en Rose“ на Оливие Дан.

Французинката маестрално ја одиграла славната Едит Пјаф и отишла дома носејќи го во рака Оскарот, кога ги победила Кејт Бланшет, Џули Кристи, Кола Лини и Елен Пејџ.


Откако биле објавени номинациите, на Марион ѝ бил потребен посебен фустан, а тука прстите ги вмешал славниот Жан Пол Готје.

Како што истакнал тој, француската актерка сакала прво да носи нешто друго.

„Марион прво бараше нешто поедноставно, но јас сакав сите да ја видат жената којашто јас сум ја видел во неа“, изјавил Жан Пол Готје.


„Затоа ѝ покажав скици од фустанот инспириран од сирена, а неа ѝ се допадна. Две недели чекавме материјал на којшто подоцна се работеше“, објаснил тој.

Станува збор за сирена-фустан со В-изрез кој е навистина елегантен и ја истакнува сета убавина на актерката, а таа го искомбинирала со златно ланче и бела чанта.


Модните магазини овој фустан го нарекле еден од најубавите на доделувањето на Оскарите, а уредничката на „Vogue“ Лорен Валенти изјавила дека овој фустан е еден од нејзините омилени модни моменти на сите времиња.




Спонзорирани линкови

Маркетинг