Хамшик искрен: Сè уште не сум подготвен за улога во Наполи

Дерби

22/02/2024

13:28

2.018

Големина на фонт

а а а

Наполи одлучи да го смени тренерот и на местото на Валтер Мацари беше назначен Франческо Калцона кој дебитираше вчера на дуелот против Барселона во Лигата на шампионите.

Кога се говореше за назначувањето на Калцона се говореше за враќање и на Марек Хамшик во Неапол и тоа како дел од стручниот штаб на тренерот. На крајот не се оствари тоа сценарио од проста причина што Словакот засега не е подготвен за некоја улога, функција во тимот во кој мина 12 години.

- Можам само да му се заблагодарам на Калзона што ме сака во неговиот штаб во Словачка. Можеби во мојот ум се уште не сум подготвен да се вратам во Наполи, но има многу време и се надевам дека вратите секогаш ќе бидат отворени за мене.

- Имам одличен однос со тренерот и му посакувам се најдобро. За него е остварување на сонот да биде тренер на Наполи и се заблагодари на Словачката федерација што му ја овозможи оваа можност, - обелодени Хамшик.



Спонзорирани линкови

Маркетинг