Интернетот е опседнат со лабрадорот кој не сака да го напушти ветеринарот, видеото е урнебесно

Точка

21/02/2024

21:34

5.675

Големина на фонт

а а а

Ветеринарот Томас Хамилтон минатата недела лекувал еден многу необичен пациент, лабрадорот Ози. Ози повторно добил инфекција на увото, а по посетата на ветеринарот тој одбивал да си оди дома.

За разлика од повеќето кучиња кои се плашат да одат на ветеринар, Ози не го мачат таквите проблеми. Тој толку многу ужива во прегледот и вниманието што го добива, што одбива да ја напушти ординацијата.

На видеото кое го споделил д-р Хамилтон на неговиот ТикТок, се гледа како Ози лежи на подот и одбива да ја напушти просторијата, дури и докторот го влече по подот.

За една недела видеото собра повеќе од илјада коментари и над 800 илјади прегледи. „Намерно добил инфекција на увото, само за да го посети својот најдобар пријател - докторот“, „Преслатко“, „Не е подготвен да си оди“, „Сакам да бидам безгрижен како Ози“, се само дел од коментарите на воодушевените корисници на ТикТок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг