[ФОТО] Погон на сонце: На кровот на својата „Tesla“ вградил соларни панели

Точка

21/02/2024

14:02

4.900

Големина на фонт

а а а

Американецот Омид Садегпур, некогашен студент на „MIT“, дизајнирал соларен панел за својот „Tesla Model Y“, за кој верува дека може да обезбеди досег до 20 милји дневно без потреба за полнење на батеријата.

Маса од само 75 килограми

Здружувајќи ги силите со Џеран Брус од калифорниската компанија „Forged Makerspace“, направиле „Beta 1“ прототип користејќи дрвена рамка и телескопски цевки од карбонски влакна за расклопување на девет флексибилни плочи од 175 W.

Целиот склоп тежи помалку од 75 километри и дизајниран е да го собере во стандардно американско паркинг место. Може да се склопи во облик на кровна кутија за помалку од минута, а како изгледа тоа можете да видите на веб-страницата „Dartsolar“.

Садегпур проценува дека овој панел може да додаде околу 6 kWh енергија во батеријата секој ден, на тој начин давајќи околу 20 милји или 32 километри возење на соларен погон. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека ова во моментов е „сам свој мајстор“ проект и дека е далеку од масовно производство.

Omid Sadeghpour has designed a fold-out solar array for his Tesla Model Y, which he believes can provide up to 20 miles...

Posted by Technology Innovation on Monday, 12 February 2024

Проблем со отпорот на воздух

Прототипот „Beta 1“ се наоѓа прилично високо на кровот каде е направен – на точно 28 центиметри – што сигурно влијае на вкупната аеродинамика, па прашање е дали се губи исто толку колку што се добива.

Тимот моментално развива друг прототоп со поотпорна рамка од карбонски влакна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг