Го подобрува видот, помага при дијабетес, го зголемува имунитетот – зошто е неопходно да го јадеме овој превкусен зеленчук?

Точка

16/02/2024

11:16

20.105

Големина на фонт

а а а

Слаткиот компир е сладок, скробен, коренест зеленчук којшто се одгледува ширум светот. Најчесто е во портокалова боја, но може да биде и бел и виолетов.

Слаткиот компир е богат со витамини, минерали, антиоксиданти и растителни влакна.

Зошто е толку добар слаткиот компир?

Спроти тешкиот и скробен компир, слаткиот компир не е тежок во исхраната, не предизвикува проблеми во стомакот, не создава чувство на надуеност и не е причина за гојазност. Сѐ повеќе се препорачува како дел од диетите и посебните режими на исхрана.


Сладок компир и здрави очи

Слаткиот компир е богат со бета-каротен, тоа е она што му ја дава портокаловата боја. Кога јадеме бета-каротен, нашето тело го претвора во витамин А којшто потоа се користи за формирање на рецептори за детоксикација на светлоста во окото. Ова е важно за ноќниот вид и одржување на здравјето на очите.

Сладок компир и дигестивен систем

Слаткиот компир е богат со растителни влакна за кои се докажало дека го промовираат здравиот дигестивен систем. Високото ниво на растителни стероли (фитостероли) во слаткиот компир, може да имаат заштитен ефект на дигестивниот систем.

Дијабетес тип 2

Интересно откритие сугерира дека умереното консумирање на слаткиот компир и листовите од слаткиот компир може да го подобри регулирањето на шеќерот во крвта кај дијабетес тип 2. Меѓутоа, потребни се повеќе докази кои би ги потврдиле овие наоди.


Сладок компир и имунитет

Поради тоа што слаткиот компир е богат со бета-каротен, исто така може да помогне во поттикнување на имунолошките функции. Тоа е така затоа што витаминот А е важен за одржување на интегритетот на слузокожата во респираторниот систем и цревата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг