Катица претпладне излегува од „Идризово“, попладне се враќа: Јанева се вработи кај син ѝ, платата оди на сметка на затворот

Точка

12/02/2024

13:32

12.394

Големина на фонт

а а а

Катица Јанева од неодамна почнала со работа. Од „Идризово“ излегува претпладне, се враќа попладне. Работодавач на обвинителката е нејзиниот син Лазар Јанев кој има своја адвокатска канцеларија.

Оваа информација денеска ја откри самата Јанева, споделувајќи ја на социјалната мрежа фејсбук.


Во изјава за МКД.мк Лазар Јанев рече дека е добиена согласност од Управата за извршување на санкции. Тој додаде дека неговата мајка, Катица Јанева има уште две и пол години за доиздржување на затворската казна и дека повторно не е побарано помилување.

Привилегијата да може да работи, излегувајќи од затворот наутро, Јанева ја стекнала со оглед на тоа што има изджано 5 од 7 години од казната, како и со добро поведение.

„На Јанева ѝ е издадено решение да може да оди на работа, а штом ќе заврши работното време, таа се враќа во затворот. Платата оди на сметка на затворот. Решението ќе важи се додека таа и навистина оди на работа и ги почитува условите од решението, односно ќе се прават строги контроли во таа смисла“, изјави за МКД.мк директорот на Управата за извршување на санкции, Јовица Стојановиќ.


Директорот уште додаде дека за да се добие привилегијата казната за доиздржување не треба да е поголема од 3 години, нагласувајќи дека Јанева ги исполнува сите услови и дека е една од околу 100 осудени лица кои излегуваат дневно од затворите со ваков третман.

Таа беше уапсена како осомничена во „Рекет“ на 21 август 2019 година, по што беше во притвор, а по досудената затворската казна од 7 години беше преместена во „Идризово''.



Спонзорирани линкови

Маркетинг