Најнова одлука на РКЕ: Се зголемуваат цените на бензините и дизелот, еве колку ќе чинат од полноќ

Макфакс

15/06/2026

14:27

1.185

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од ноќеска на полноќ ќе поскапат бензините и дизелот во Република Северна Македонија, додека ќе има намалување на цените за екстра лесното масло и мазутот.

Од ноќеска на полноќ ќе поскапат бензините и дизелот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2 денари за литар, додека дизелот ќе поскапи за половина денар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,074 денари за килограм.


Од 16.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 90,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 87,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 86,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 46,223 (денари/килограм)