5 причини поради кои не треба да пиете кафе – еве кој напиток е најдобра замена

Точка

06/02/2024

22:34

9.695

Големина на фонт

а а а

Многумина го започнуваат денот со кафе, а не се ни свeсни колку е штетно да го пијат на празен стомак.

Кога станува збор за придобивките од утринскиот напиток, нема сомнеж дека чајот е подобра опција за почеток на утрото.

Нутриционистката Авни Каул од Њу Делхи истакнува дека на почеток на денот подобро е да се напиете чај, а ова се причините.

Има помалку кофеин

Нема сомнеж дека кофеинот на сите им дава наплив на енергија, но исто така може да биде штетен доколку не се внесува умерено. Содржината на кофеин во чајот е помала од онаа во кафето, поради тоа чајот е подобар за организмот.

„И покрај тоа што кофеинот може да даде почетен наплив на енергија, премногу кофеин може да доведе до нервоза. Чајот нуди поблаг внес на кофеин, го намалува ризикот од некои појави“, објаснува нутриционистот.


Лесно расонување

Ретко кој човек штом ќе се разбуди е полн со енергија. Кафето веднаш ќе ве разбуди, но тоа можеби и не е толку добро. Нутриционистот вели дека чајот содржи аминокиселина позната како Л-теанин, а истата има смирувачко дејство и може да го урамнотежи стимулирајќи го делувањето на кофеинот. Тоа може да донесе до полесно будење, во споредба со наглиот наплив на енергија од кафето.

Хидратација

Дехидратацијата е проблем којшто се појавува како последица на пиењето кафе ако се консумира во препорачаните количини. Кафето е диуретик што значи дека може да доведе до зголемено произведување на урина и можна дехидратација. Чајот придонесува за хидратацијата затоа што е првенствено составен од вода. Одржувањето на хидратацијата наутро клучно е за општото добро во текот на останaтиот дел од денот.


Антиоксидантско зајакнување

Чајот, особено зелениот, богат е со антиоксиданти кои имаат различни здравствени придобивки, го зголемуваат имунитетот и ги штитат клетките од оштетување.

Чувствителност на желудникот

Кафето кај некои луѓе може да предизвика чувство на непријатност во желудникот, а чајот е одлична алтернатива. Чајот е понежен за желудникот и затоа им се препорачува на сите кои се чувствителни на киселина или имаат стомачни тегоби.