На само 11 километри од Куршумлија, првата престолнина на Немањиќ, се наоѓа Куршимлијската бања.
Ова место, во кое уживало и римското благородништво, е познато по своите лековити придобивки. Во бањата има извори на сулфурни и алкални води со различни температури, кои имаат терапевтски својства за лекување на стерилитет, ревматизам и посттрауматски состојби.
Во 1925 година, Александар Караѓорѓевиќ ја прогласил бањата за јавно добро, што било почеток на нејзиниот процут и модернизација. Тогаш е изградена „Вила Југославија“, архитектонски бисер со модерен изглед, популарен меѓу народот и благородништвото. Кралот Александар, според приказните, престојувал во неа. Помеѓу двете светски војни, вилата доживеала потполна афирмација.
Vila Jugoslavija. pic.twitter.com/E3t96VRHbe
— Arsil (@arsagarson) January 30, 2024
По Втората светска војна, новата влада го препознала потенцијалот на бањата и продолжила да инвестира во неа, со што таа добила на значење, а нејзините сместувачки капацитети биле константно полни.
Објектот бил центар на културни настани (конгреси, претстави) и познат по својата врвна услуга.
По отворањето на хотелот „Жубор“, популарноста на вилата почнала да опаѓа, а ја затвориле во текот на деведесеттите. Тешко оштетена за време на бомбардирањето на НАТО, вилата и денес останала во лоша состојба.
Денес бањата привлекува бројни туристи од Србија и регионот, особено по реновирањето и отворање на хотелот „Планинка“.