Во овој популарен туристички град ќе може да патувате без пасош и виза – еве како!

Точка

27/01/2024

18:35

20.094

Големина на фонт

а а а

Дубаи воведува револуционерна иницијатива за патување, им овозможува на патниците да патуваат без пасош и виза, користејќи ја напредната биометриска технологија за подобрување на ефикасноста и безбедноста во секторот на патување и угостителство.

Во револуционерниот развој којшто треба да ги редефинира меѓународните патувања, Дубаи најавил иновативна иницијатива која им овозможува на патниците да патуваат без потреба на пасош или виза.


Овој потег којшто би требало да стапи на сила од март 2024 година, прв во глобалниот сектор на патувања и угостителство, ја нагласува посветеноста на Дубаи во подобрување на ефикасноста и безбедноста на патувањата, користејќи напредна технологија за поедноставување на искуствата за патување.

Сѐ што ви е потребно за да ја поминете полициската контрола е вашето лице.

Потоа минувате низ тунел и доколку се вклучи зелено светло, тоа значи дека сте регистрирани и идентификувани и дека може да ја поминете контролата.


Меѓутоа, доколку се вклучи црвено светло ќе бидете запрени додека не се открие причината за истото.