Фотографии кои будат носталгија: Како изгледаше просечната дневна соба во Југославија во 80-те

Точка

27/01/2024

10:34

14.297

Големина на фонт

а а а

На Инстаграм страната „Yugonostalgia“ се објавени фотографии кои покажуваат како изгледала една просечна дневна соба во периодот на 80-те години.

Гломазни фотелји и троседи во неутрални бои, теписи од ѕид до ѕид, регали кои целосно ги покриваат ѕидовите со стари телевизори и радија - ова е слика која е врежана во меморијата на постарите генерации, а беше дел од речиси секој дом во текот на 70-те и 80-те во земјите од поранешна Југославија.

„Просечни дневни соби на Југословените во текот на 80-те“, стои во описот на фотографиите.

На фотографиите можат да се забележат и стара машина за пишување, шаховска табла и комплети садови во стаклениот дел од регалот.


Уште една незаобиколна карактеристика на домовите во овој период беа тапетите со различни принтови на ѕидовите.

Фотографијата кај многумина пробуди носталгија, а во коментари луѓето пишуваат дека не пробале поудобни фотелји и дека изгледа како временска машина, а некои навеле дека сè уште имаат такви парчиња мебел.