Една намирница која овој доктор ја консумира секојдневно ја нарекуваат грал на долговечноста

Точка

15/01/2024

14:35

5.332

Големина на фонт

а а а

Како истражувач на долговечност и лекар по регенеративна медицина, д-р Нил Полвин повеќе од 20 години им помага на луѓето да развијат здрави навики за да живеат подолго.

Боровинките се една од намирниците што тој ги јаде секојдневно за да ја поттикне долговечноста. Тие се вкусни, нискокалорични и полни со витамини и антиоксиданти кои го штитат телото од инфекции како оклоп. За „CNBC“ д-р Полвин ги навел причините зошто боровинките ги смета за свет грал кога станува збор за долговечноста.

Ги зајакнуваат клетките

Антиоксидантите помагаат во одбраната на здравите клетки, спречуваат понатамошно оштетување и се вклучени во процесите кои ја поправаат ДНК-та, а боровинките содржат многу антиоксиданти. Тие се богати со антоцијани, кои се одговорни за нивната сина боја. Покрај тоа што предизвикуваат живописна боја, се смета дека антоцијаните ги подобруваат когнитивните перформанси и васкуларната функција.


Одлични се за видот

Една шолја боровинки содржи 16% од дневната вредност на витамин Ц, за кој е познато дека го зајакнува здравјето на очите. Витаминот Ц може да помогне да се спречи макуларна дегенерација поврзана со стареењето и да се намали клеточниот оксидативен стрес во мрежницата.

Помагаат во закрепнувањето на мускулите

Истражувањата покажуваат дека боровинките го намалуваат оштетувањето и болката во мускулите. Витаминот Ц во бобинките ја поттикнува апсорпцијата на железо и го зголемува производството на колаген, ткивото што ги поврзува коските и мускулите. Една шолја боровинки содржи 24% од дневната вредност на витамин К, кој помага во градењето на коските и згрутчувањето на крвта.

Го поттикнуваат здравјето на мозокот

Покрај физичките придобивки, студиите откриле дека антиоксидантите во боровинките можат да влијаат на областите од мозокот кои се клучни за интелигенција. Една студија на повеќе од 16.000 луѓе открила дека боровинките и јагодите се поврзани со одложување на менталното стареење до две и пол години.


Го намалуваат воспалението

Истражувањата покажуваат дека влакната, витамините, минералите и антиоксидантите во боровинките можат да помогнат во намалување на воспалението и дополнителни фактори на ризик за дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Боровинките имаат и пребиотичко делување кое ги регулира бактериите, го ублажува воспалението на цревата и може да помогне во спречување на рак на дебелото црево.

Го намалуваат холестеролот

Бидејќи боровинките се богати со растворливи влакна, помагаат да се отстрани жолчката од цревата, како и супстанциите како што се масни киселини, соли, метали и билирубин, кој се создава со разградување на црвените крвни зрнца. Овој процес може да го намали лошиот холестерол и исто така да го намали ризикот од срцеви заболувања.