Неодамнешното видео на Касија Вест, жена која на социјалните мрежи се претставува како „гуру за љубовни врски“, предизвика дебата за љубомората во романтичните врски.
Во видеото на ТикТок кое брзо стана вирално, Вест вели: „Едноставно не можете да бидете љубоморни кога вашиот маж чувствува привлечност кон друга жена“.
„Обликот на телото на жената му сигнализира на машкиот мозок дека таа личност може да носи дете. Тоа е само биолошки одговор всаден во сите нас за да се обезбеди опстанок на човечкиот вид“, вели таа. Според Вест, разбирањето на овој феномен од еволуциска перспектива ја намалува моќта на љубомората.
„Можноста да го согледате тоа на овој начин целосно ја одзема моќта од тоа чувство. Сè додека мажите не преземаат ништо врз основа на таа привлечност, нема причина да чувствувате љубомора“, смета таа.
Биологија или емоции?
Но, не сите се согласуваат со неа.
Имено, додека некои ја поддржуваат нејзината перспектива, тврдејќи дека е здраво да се прифати дека луѓето се сексуални суштества кои можат да чувствуваат привлечност кон другите без тоа да ја загрози нивната врска, други се спротивставуваат на ова гледиште, тврдејќи дека љубомората е природна и оправдана емоција.
„Како маж, штом си со жената што ја сакаш и жената од твоите соништа, не гледаш во ниту една друга жена“, „Не го гледаш менито освен ако не си гладен и немаш намера да јадеш“, „Тоа е апсолутно биолошки точно. Но, тоа не е оправдување бидејќи во спротивно верноста нема смисла“, „Тоа е биолошки точно, но биологијата не е прашање на почит меѓу партнерите“, напишале многумина под видеото.