Рецепт за природен сируп од ловоров лист кој ќе ја смири и најупорната кашлица

Точка

19/12/2023

19:11

12.883

Големина на фонт

а а а

Ако имате проблеми со упорна кашлица, подгответе го овој многу едноставен домашен лек кој ќе ви помогне да се ослободите од овој здравствен проблем.

Станува збор за сируп од ловоров лист, природно средство за смирување на надразнетото грло, има антивоспалително и антисептично дејство, а освен тоа ги прочистува дишните патишта и го зајакнува нашиот имунитет.

Ловоровиот лист често се користи во кујната како додаток на јадењата бидејќи им дава посебна арома, а етеричното масло од ловор е одлично за инхалација и дезинфекција на просторот, особено за време на сезоната на грип.


Во продолжение, еве како да подготвите лековит сируп од ловоров лист:

Потребни состојки:

- 6 сушени листови од ловор

- 1 лимон

- 3 големи лажици мед

- 3 децилитри вода


Начин на подготовка:

1. Во тенџере зовријте вода. Додајте ги ловоровите листови во врелата вода и варете 5 минути со покриен сад.

2. По 5 минути извадете ги листовите од водата. Оставете малку да се излади и додајте го медот и сок од еден лимон. Кога сирупот целосно ќе се излади, префрлете го во тегла.

Земајте по 1 мала лажица 3 пати на ден, особено при тешки напади на кашлање.