Еден од најпосакуваните мажи на светот, Бред Пит, денес го слави својот 60-ти роденден.
Поради младешкиот изглед за овој холивудски убавец навистина е тешко да се поверува дека наполнил 60 години, а обожавателите го споредуваат со ликот на Бенџамин Батон кој го играл во истоимениот филм.

Магазинот „People“ двапати го прогласил за најсекси маж на светот, во 1995 и 2000 година.
Љубовен живот
Холивудскиот заводник имал бројни љубови, но се паметат само две. Бред Пит и Џенифер Анистон беа еден од најубавите холивудски парови на почетокот на 2000-тите, а нивниот развод поради Анџелина Џоли беше главна тема и скандал од епски размери.

Пит има 3 деца со Џоли, а нивната битка за развод и старателство ги полнеа медиумските написи. Утеха побарал во врската со 33-годишната актерка Инес де Рамон.

Богата кариера
Во текот на својата богата кариера, Пит остварил многубројни улоги, а меѓу највпечатливите се оние во филмовите „Thelma & Louise“, „Fight Club“, „12 Monkeys“, „Inglourious Basterds“, „Once Upon a Time … in Hollywood“.

Во едно неодамнешно интервју тој признал дека со годините забавил, но фановите се согласни – за Бред Пит годините како да застанале. Дури и кога носи здолниште или само јаде чипс, Пит сè уште е сон на многу жени.














