Актерката Натали Портман конечно заплови во помирни и посреќни времиња. По разводот и крајот на 12-годишниот брак поради аферата на нејзиниот сопруг, таа ја пронајде среќата со француски продуцент со кого очекува бебе.
Актерката Натали Портман е бремена и го очекува своето трето бебе, а прво со својот нов партнер партнер, музичкиот продуцент Тангај Дестабл, го споделија тоа ексклузивно за „Харперс Базар“.

„Тангај и јас сме многу возбудени. Многу сум благодарна. Знам дека е голема привилегија и чудо“, изјавила актерката.
Да ве потсетиме дека Натали Портман и Тангај Дестабл ја потврдија својата романса во март 2025 година, а оваа вест дојде една година откако актерката го заврши разводот од режисерот и кореограф Бенџамин.
Натали Портман има син Алеф (14) и ќерка Амалија (9) со својот поранешен сопруг, а како што напиша „Пипл“, двајцата ја охрабриле да ја прифати улогата во филмот „Тор: Љубов и гром“.

„Чувствувам дека ова е фазата од мојата кариера каде што навистина се обидувам да ги импресионирам моите деца“, изјавила актерката за „Варајати“ во јуни 2022 година.





