[ВИДЕО] Направена кацига која може да чита мисли

Точка

15/12/2023

13:01

5.664

Големина на фонт

а а а

Научниците направиле прв „AI“ модел кој може да чита мисли, односно мозочните бранови да ги претвора во текст, и го нарекле „DeWave“.

Оваа технологија функционира со помош на кацига на која се наоѓаат сензори, а која детектира специфични електронски активности на мозокот и потоа ги претвора во зборови.

За овој подвиг заслужни се научниците од Технолошкиот универзитет во Сиднеј, кои велат дека се надеваат дека ова ќе биде пресвртница кога станува збор за грижата за оние кои останале неми.

Тимот верува дека со понатамошно унапредување на оваа технологија ќе може да се дојде до момент кога ќе биде полесно да се контролираат бионички екстремитети или роботи, односно дека луѓето ќе можат да управуваат со нив само преку мисли.

Досега, ваков тип на технологија барал некаква операција, како што е примерот со „Neuralink“ на Илон Маск, или подразбирал скапи и големи магнетни скенери, кои тешко се користат кога станува збор за секојдневните активности.


Во експериментот кој воедно послужил и како демонстрација учествувале 29 лица.

Моментално, тимот од научници вели дека точноста на „преведување“ е околу 40 проценти, но уверени се дека за некое време би можеле да достигнат неверојатни 90 проценти точност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг