Мамеше воздишки низ цела Југославија, а велат дека го претчувствувала својот крај: Актерката загина на 40-годишна возраст од единствената работа од која смртно се плашела

Точка

15/12/2023

21:35

10.544

Големина на фонт

а а а

Актерката Ена Беговиќ беше жена со неверојатна харизма, убавина и талент која го одби Холивуд и остана во својата татковина. Таа трагично го загуби животот во страшна сообраќајна несреќа на Брач ​​на 15-ти август 2000 година. Имаше само 40 години.

Богата кариера

Улогата што ја прослави беше во филмот „Pad Italije“ во 1981 година. Ена Беговиќ тогаш станува неприкосновен симбол на убавината на Југославија во 80-те години. Потоа следуваа улогите во филмовите „Idemo dalje“ и „Glembajevi“ во 1988 година.

Родена е во Сплит на 16-ти јуни 1960 година. Таа беше една од најголемите југословенски и хрватски филмски и театарски актерки. Ена за улогата на бароницата Кастели-Глембај ја доби наградата Златна арена во Пула за споредна женска улога, но ја одби сметајќи дека улогата во филмот била главна. Сепак, 9 години подоцна ја доби Златната арена за улогата во филмот „Treća žena“. Таа одигра одлични улоги во филмовите „Balkan ekspres“, „Čaruga“, „Ne zaboravi me“ и многу други.


Сензуалноста и харизмата прикажани во филмовите ставија големи очекувања пред неа. Сите мислеа дека нејзината кариера ќе биде првенствено филмска, но Ена имаше поинакви планови. Таа го сакаше театарот, а на сцената на Хрватскиот народен театар во Загреб го пронајде својот театарски дом, куќа во која беше опкружена со најголемите партнери.

Најголем страв

Во животот имала само еден голем страв – возење во автомобил и летање со авион. Подоцна, пријателите на Ена зборуваа дека таа ја претчувствувала нејзината смрт. Толку се плашела од возењето во автомобил што побарала и стручна помош, а по сообраќајната несреќа што ја предизвикала во 1996 година, во која животот го загубил мотоциклист, а нејзин пријател се здобил со тешки повреди, фобијата дополнително ѝ се влошила. Тогаш беше осудена на 3 години условна казна, но поголемата казна бил силниот психички шок од кој никогаш не закрепна целосно.

Во тој тежок период, нејзина најголема поддршка беше Јосип Радељак, кого го запознала кон крајот на 80-те и кој стана и остана нејзина најголема љубов. Поради Ена, Радељак се разведе од актерката Бебе Лончар, со која го доби синот Лео, кој на кобниот ден ќе биде зад воланот на автомобилот во кој актерката го загуби животот.


Голема љубов

Ена и Јосип се забавуваа неколку години, а кога таа останала бремена, решиле да се венчаат. Свадбата се одржала во нивниот дом во Загреб, кога актерката веќе била пред породување. Таа ја роди ќерката Лана две недели по венчавката, а во мајчинството уживаше само месец и половина.

Кобниот ден...

На тој кобен 15-ти август, Ена со Јосип, Лео, нејзината мајка Тереза ​​и Лана ја напуштиле вилата во Супетар за да ја посетат својата пријателка, композиторот Стипица Калоѓера. Никој не се сомневал дека ќе биде нејзиното последно патување.

Во местото Сплитска, Лео Радељак решил да му го препушти возењето на џипот на татко му откако удрил во камен и го скршил фарот. Застанале на еден рид и двајцата излегле од автомобилот кој започнал неконтролирано да се лизга наназад. Ена и Тереза ​​со Лана не успеале да излезат. Теренецот завршил во провалија. Тереза ​​се здобила со повеќе повреди, а во болница завршила и Лана. Јосип и Лео не биле повредени. Но, за Ена немало спас - таа имала тешка фрактура на черепот, скршен врат, набиен граден кош и скршени надлактици. Повредите биле претешки и набргу потоа починала.


Следеа месеци, а потоа и години истрага и судски рочишта, како и бројни написи во весниците за тоа кој е виновен за несреќата и дали се работи за фабрички дефект на автомобилот. Судењето траеше до 2007 година, кога Лео Радељак беше ослободен од обвинението за убиство од небрежност, а пресудата гласеше дека несреќата била предизвикана од неисправен менувач на возилото.