2 работи кои се неопходни за интимниот однос со партнерот да биде перфектен – откријте дали навистина сте сексуално компатибилни со партнерот

Точка

06/12/2023

14:45

10.002

Големина на фонт

а а а

Што значи кога партнерите се интимно или сексуално компатибилни? Некои веруваат дека основата на компатибилноста на партнерите е психологија на односот, од друга страна многумина сметаат дека тоа подразбира одредени техники, желби и интуитивен однос.

Сепак, многу од експертите се согласни дека за интимна или сексуална компатибилност потребни се две работи.

1. Компатибилност меѓу партнерите е невозможна кога една страна категорично не ги препознава желбите на другата


Понекогаш и девојките сакаат брза и страсна љубов без долга предигра, баш како и мажите. Меѓутоа, мора да сфатите дека зборот „понекогаш“ е клучен во оваа ситуација. Доколку партнерот се занимава со задоволување само на сопствените потреби, треба да се размисли дали односот воопшто има потенцијал. Кога партнерот мисли на себе и не ги почитува потребите од својата партнерка, тоа е добра причина да кажете „збогум“.

За сексуалната компатибилност неопходно е да ги разберете желбите на другата страна и меѓу вас да најдете баланс. Важно е задоволството да биде обострано.

2. Разликата во личните биоритми е голема препрека на патот кон интимната компатибилност


Еден партнер сака љубов и внимание додека друг само сака да спие. Доколку врската ви е важна, тогаш треба да барате оптимална доба од денот кога и двајцата се расположени, имаат енергија и желба. Вашите часови и желби мора да се поклопат за да бидете компатибилни.