Одреден притвор од 48 часа за таткото на убиената Вања

Макфакс

04/12/2023

22:09

11.093

Големина на фонт

а а а

Кривичниот суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и определи краткотраен притвор од 48 часа за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, еден од осомничените за нејзиното убиство. Од Кривичниот суд, наведуваат дека притворот е опредлелен заради опасност од бегство и влијанија врв сведоци.

Инволвираноста на таткото обвинителите ја дознале од исказите на соучесниците на Љупчо Палевски – Палчо. Тие сведочеле дека Ѓорчевски ги информирал за дневните рутини на Вања и во колку часот заминува на училиште, но и дека ќе биде сама, без нејзината сестра.

Мерка притвор веќе е определена за тројца од осомничените, додека министерството за внатрешни работи, вечерва, распиша меѓународна потерница по Љупчо Палевски.


„Љупчо Палевски род.12.12.1964 год. во Скопје се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и „убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“ – објавено е на веб-страницата на МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг