Чудото од теренец на „Tesla“ си поигра со „Porsche“: „Cybertruck“ во трка на 400 метри ја покажува сета моќ

Точка

02/12/2023

10:56

11.940

Големина на фонт

а а а

Долгонајавуваниот супертеренец „Tesla Cybertruck“, конечно почнал да се испорачува на купувачите, а Илон Маск направил сè што може да покаже колку е моќно ова возило.

Шефот на „Tesla“ на социјалната мрежа „X“ објавил видео-снимка од необичната трка – „Cybertruck“ против „Porsche 911“. Овој дуел сам по себе е интересен бидејќи „Porsche“ е класичен спортски автомобил, а за работата да биде уште поимпресивна, „Cybertruck“ во текот на трката влечел друго „911“ во приколка.

Судејќи по снимката, теренецот и покрај дополнителниот товар, успеал да победи.

Според податоците кои се појавуваат на крајот на видеото, трката била 400 метри и траела помалку од 11 секунди, а „Cybertruck“ од 0 до 100 км/ч дошол за само 2,6 секунди.

Илон Маск при церемонијата за испорака во Тексас рекол дека „Cybertruck“ е побрз од спортски автомобил, а со оваа снимка, очигледно, сакал да го поткрепи ова тврдење.