[ФОТО] Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје

Дерби

01/12/2023

19:21

30.448

Големина на фонт

а а а

Веднаш по освојување на титулата во европското првенство на ридски патеки, Игор Стефановски се раздели од победничкото Хјундаи со кое настапуваше минативе години, а тоа беше јасен предуслов дека ќе вози нов „ѕвер“ во сезоната која претстои.

Хјундаито беше негов адут за кружните трки бидејќи беше возен најпрво во ТЦР Европа, во 2018 година, а откако по трет пат стана шампион на ридските патеки, автомобилот замина во рацете на Василије Јакшиќ кој во 2022 година го освои шампионскиот трофеј во истиот шампионат.

Претходно, македонскиот автомобилист се раздели и од возилото Сеон Леон со кое настапуваше во ЕТСС во 2017 година, а потоа и во ТЦР Италија. Сето ова укажуваше дека наскоро ќе мора да биде донесена одлука за иднината и за набавка на возило за новата сезона.


Товарното возило кое го врши превозот за Стефановски денеска се врати во Скопје, а „Дерби“ дознава дека со него е довезено и новото возило кое тимот не сака јавно да го открие, односно планира јавна промоција кон средина на месецот.

Неофицијално, станува збор за возило од италијански производител со богата тркачка историја, кое ќе послужи за настап на ридски патеки во 2024, но можни се настапи и во трки на издржливост. Деталите ќе бидат соопштени наскоро од страна на екипата која во овој момент тактизира со одговарање на повиците од медиумите.