Квалитет или квантитет: Истражување покажало колку пати неделно треба да имате сексуални односи како би го одржиле менталното здравје

Точка

01/12/2023

12:39

9.907

Големина на фонт

а а а

Ново истражување покажало дека редовниот секс може да ви помогне да се чувствувате подолго задоволни, а исто така долгорочно го подобрува вашето ментално здравје.

Имено, истражувачите од Хоуп колеџот во САД ги тестирале когнитивните способности, вклучително и меморијата и вниманието, кај 1.683 луѓе над 62 години во текот на пет години.

Така тие откриле дека оние на возраст од 75 до 90 години кои имале секс барем еднаш неделно во текот на пет години имале подобро резултати на тестовите на мозокот на крајот на експериментот од оние кои воопшто го немале.


Истражувачите сугерираат дека ова може да биде затоа што сексот е физичка активност која може да го намали ризикот од когнитивен пад, вклучително и деменција.

„Ова може да биде особено точно во постара возраст, бидејќи физичката неактивност се зголемува со возраста, а постарите лица имаат висока стапка на седечко однесување.

Затоа, сите придобивки од сексот можат да бидат многу важни за циркулација во староста“, напишале тие во нивниот истражувачки труд.

Студијата објавена во списанието „Journal of Sex Research“ покажало дека за малку помладите возрасни лица на возраст од 62 до 74 години, сè е до квалитетот на сексот, а не колку често е практикуван.


Оние кои го опишале својот сексуален живот како многу пријатен и задоволувачки, имале подобри резултати за когнитивното здравје, од оние кои не уживале премногу во спалните соби.

Научниците велат дека ова може да се препише на придобивките од добриот секс за ублажување на стресот, како и ослободување на хормонот на задоволство познат како допамин.


Да заклучиме, луѓето со сексуално задоволувачки односи може да искусат повисоки нивоа на допамин, што е поврзано со подобрена меморија кај постарите лица.




Спонзорирани линкови

Маркетинг