[ВИДЕО] Сашко Коцев: Првата еротска сцена ја снимав во 7 наутро, со колешка што првпат ја видов

Точка

01/12/2023

10:53

15.759

Големина на фонт

а а а

Сашко Коцев вели дека бил многу мирно и повелечно дете, но во пубертетеот многу се сменил и станал темпераментен.

-Не делувам така, но јас сум многу срамежлив“, изјави познатиот актер во новата епизода од емисијата „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела, од 18.40 на Канал 5. Сашко на Жаре му раскажа и за првата еротска сцена која ја снимил во Чешка.

-Еден филм снимав одамна во Чешка, се викаше „Жените на мојот маж“. Јас никого не познавам, ме земаат 12 навечер на аеродром, преспивам колку што можам, и на сет ме носат во 5.30-6 наутро. Во 7 наутро, првата сцена е љубовна. Доаѓам јас, лежи гола колешка, се соблекувам, легнувам тука, акција. И потоа велат: „Стоп, менуваме светло“, раскажа Сашко. Потоа додаде дека во моментот на кусата пауза, тој допрва се запознавал со колешката.

-Здраво, јас сум Сашко. Не се ни знаеме со колешка од Унгарија. Акција!“, раскажа Сашко за снимањето кое продолжило веднаш по нивното кусо запознавање.

Во продолжение, погледнете едно видео кое од дел од петтата епизода од Сезона 15 на „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг