Оваа прекрасна девојка од Уганда се преселила во Белград: Ги раскажала своите искуства, па им испратила порака на мажите од Србија: „Немој да ме ...“

Точка

29/11/2023

19:54

5.727

Големина на фонт

а а а

Џулијан Абасу од Уганда е студентка по медицина која живее и студира во Белград. Како девојка која на своите видеа на социјалните мрежи собрала бројни симпатии од Србите, признала дека не било секогаш така.

Џулијан (22) секојдневно снима за својот „ТикТок“ профил каде зборува за разни теми од нејзината соба во Студењак – за учењето на српскиот јазик, за универзитетот, за разликите меѓу Уганда и Србија … Овојпат на ред била темата за тоа како е, од нејзина гледа точка, да се биде црнкиња во Србија.

„Многубројни се оние кои ме прашуваат каков е животот на црнците во Србија. Повеќето црнци кои се тука се студенти или во брак. Живееме во тудењак, во студентски дом … Беше многу тешко за мене, најмногу на „ТикТок“ и на „Инстаграм“, каде што добивав многу омраза“, објаснила таа.


Додала и дека доаѓањето во Белград ѝ паѓало тешко на почетокот.

„Нова средина, нова земја, нов јазик, без родителите, ми беше многу тешко. А и бев помлада. Сега е сè полесно. Српскиот го научив за само три месеци. Но, не лажам, навистина многумина од нас паѓаат во депресија, особено кога нема да ги положат испитите и ќе ја паднат годината, па мораат да се вратат дома“, зборувала Џулијан.


Дека сега е поинаку отколку на самиот почеток, признала во следното видео каде објаснила дека се вклопила во општеството и на факултет. Таа, исто така отворено раскажала дека добива убави пораки од момчињата, како и оние на кои тврди дека не сака да одговори.

„Имам 22 години, така да вие момци кои имате над 30, извинете, но не сакам. И уште нешто, кога ќе ми стигне порака „Имаш ли дечко“, „Дали си слободна“, „Сакаш ли да бидеш моја девојка?“, на тоа не сакам да одговорам. Доколку некој ми пише на ваков начин, нема да одговорам“, зборувала Џулијан низ насмевка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг