Нејмар го оставила девојката која му роди дете пред еден месец: Не и се допаднала „клаузулата за водење љубов“

Точка

29/11/2023

20:42

3.793

Големина на фонт

а а а

Бразилскиот фудбалер пред еден месец со Бруна Бјанкарди го прослави раѓањето на детето, а сега нивната врска е завршена.

Убавицата сè уште не ја навела причината за разделбата, но истакнала дека врската била многу турбулентна. Тоа и не треба да не чуди кога се знае дека се пишуваше дека Нејмар ја изневерил својата избраничка додека била бремена, па потоа јавно се извинувал.

„Тоа е приватна работа, но бидејќи постојано ме поврзуваат со разни вести, сомнителни работи и се шегуваат на моја сметка, морам да ве известам дека не сум во врска. Ние сме родители на Мевин и тоа е причината за нашиот однос. Се надевам дека веќе нема да ме поврзувате со такви вести и озборувања. Ви благодарам“, напишала оваа 29-годишна инфлуенсерка од Бразил.

Нејмар наводно повеќе пати ја изневерил, па така бил фатен и со две девојки во ноќен клуб, а германски „Bild“ дури и навел дека имаат посебна „секс клаузула“. Тоа значи дека му дозволува да флертува и спие со други жени. Бруна не сакала повеќе да го трпи бомбардирањето на социјалните мрежи.

„Бру, веќе се извинив за своите грешки, но чувствувам потреба тоа да го направам и вака, јавно. Приватна работа стана јавна и поради тоа и извинувањето треба да биде јавно. Не можам да се замислам без тебе, не знам дали ова ќе донесе резултат, но денес сакам да бидеш сигурна дека сакам да се обидам. Нашата цел ќе преовладее, нашата љубов кон детето ќе победи, нашата љубов која ја имаме еден кон друг ќе зајакне“, напишал Нејмар откако бил фатен во неверство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг