[ВИДЕО] Вака „Audi“ се збогуваше со својот најатрактивен модел

Точка

20/11/2023

23:09

5.539

Големина на фонт

а а а

Во планот за електрификација нема место за сите, а кога станува збор за „Audi“, еден од првите што стана „технолошки вишок“ е „R8“, кој досега доживеа две верзии. Ова се случува и покрај фактот што овој модел беше првиот што беше понуден во електрична верзија.

„R8“ беше зачнат во 2003-та година, кога беше претставен како суперспортски концепт на „Audi“. Првите примероци пристигнаа на патиштата три години подоцна, а како што е познато, Френк Либерти му даде на автомобилот доволно оригинален дизајн, така што малкумина ја видоа врската со технолошки сродниот „Lamborghini Gallardo“. Првично се нудел со 4.2 V8 мотор од 420 коњски сили, а по неколку години доби верзија 5.2 V10 која остана активна до денес.

Во меѓувреме автомобилот доби „Spyder“ изведба, неколку специјални верзии. Беа создадени и неколку оригинални верзии, како што е концептот „R8“ со V12 TDI мотор, како и верзијата „e-tron“ со електричен погон. Сериската верзија на електричниот „R8“ ја користеше основата на Huracan, исто како моделот од втората генерација претставен во 2015 година.


И тука „Audi“ се разиграл со неколку специјални верзии, а доби и верзија со погон на задните тркала. Еволуцијата на моделот ја зголеми моќноста на 610 коњски сили и 560 Nm, односно 620 коњски сили и 580 Nm по редизајнот. „Audi“ сега реши да се збогува со актуелната генерација и да не остави да фантазираме за нов R кој нема да има исклучиво електричен погон.


„Последниот круг“ носи низа прекрасни примероци со лични приказни на нивните сопственици. Додека го гледате видеото, знајте дека со овој модел „Audi“ ќе го повлече V10 моторот, но најверојатно не и името. „R8“ би требало да добие и трета генерација, најверојатно достапна исклучиво со електричен мотор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг