Откриено што се случува со мозокот во последните мигови од животот: Невроанатомистката Џил Болт Тејлор го опишала своето искуство на работ од животот и смртта

Точка

20/11/2023

19:50

20.445

Големина на фонт

а а а

Мозочниот удар не ги погодува само постарите лица. Неговото присуство меѓу помладите возрасни личности расте во последниве години.

Станува збор за ненадеен прекин на проток на крв во мозокот, кој настанува или поради зачепување на крвните садови или поради руптура. Ова претставува проблем, бидејќи на невроните и ткивото во мозокот им е потребно постојано снабдување со крв како би добиле кислород и хранливи материи потребни за оптимално функционирање и опстанок.

Станува збор за истражување на невролозите од Универзитетот во Британска Колумбија кои ја мереле електричната активност во мозокот на пациентите додека биле свесни и во моментот на смртта.


Д-р Џил Болте Тејлор, американски научник која се занимава со истражување на мозокот, го опишала сопственото искуство на одење по работ на животот и моментот на смртта во книгата „My Stroke Of Insight“.

Доживеала страшен мозочен удар и тоа искуство целосно и трајно ѝ ги променило приоритетите во животот. Таа вели дека доживеала чувство на стравопочит додека умирала, измешано со блажена еуфорија. До крвавење дошло во левата хемисфера на мозокот и тоа се ширело со таква брзина што по четири часа било со големина на тупаница.


„Влегував и излегував од свест со десната страна на мозокот. Кога стигнав во болница, крвавењето беше со големина на тупаница на левата хемисфера. Во текот на утрото влегов во еден вид блажена еуфорија, свеста на мојата десна страна од мозокот. А потоа се враќав и се занимавав со деталите како да си помогнам себеси“, раскажала таа и додала дека за време на таа борба за живот, наизменично преминувала од свесна во несвесна состојба во текот на која знаела што се случува со неа и околу неа, но немала чувство на страв.

„Бев многу благословена. Воопшто не се плашев. Лежев таму во блажена еуфорија на десната страна на мозокот. Или бев на левата хемисфера, преокупирана со обидите да разберам што треба да направам како би успеала да се спасам“, се присетила таа на искуството кое оставило траен печат во нејзиното сеќавање.

„Мозочниот удар ме промени сто проценти Ме оддалечи од верувањето дека сум центарот на светот. Целокупниот тој круг, свеста за мене како поединец и индивидуа исчезна, а во недостаток на фокусот на себе во свеста префрлив дека сум дел од човештвото. Станав поотворена, експанзивна и пофлексибилна кон можностите, за разлика од ’еве што сакам, а ова се чекорите кои ќе ги преземам за да го добијам она што го сакам.‘

Се померив од линеарниот начин на гледање на светот и мојот однос кон него. Живеам поотворено кон можностите на она што може да биде и што најмногу ми одговара“, зборувала таа.


Кажала и како на смртната постела сфатила што е навистина важно во животот, па нејзините приоритети денес се сосема поинакви од пред мозочниот удар.

„Автентичното јас е дел од нас за кој цврсто верувам дека се појавува во последните пет минути од нашиот живот. Кога сме на смртна постела, левата страна на мозокот почнува да се распаѓа и полека се оддалечуваме од сите акумулации и надворешниот свет, затоа што веќе тоа не е важно. Она што е вредно е што сме ние како луѓе и што сме направиле со нашите животи како би им помогнале на другите. Сите се соочуваме со тоа и мислам дека е „судниот ден“ во прашање, но не мислам дека е пресуда за нешто што е надвор од нас, тоа е пресуда на нас самите.“, продолжила.

Имајќи предвид дека, според невролозите, слухот е едно од последните сетила кои исчезнуваат, а како што вели д-р Тејлор, блаженото искуство може да го замени стравот од умирање, оваа информација би можела да биде корисна за пружање утеха на семејството и пријателите и да ги насочи како да се однесуваат додека стојат покрај креветот на саканата личност на која не ѝ преостанало уште многу живот, пренесува psychologytoday.com.


Што се случува во нашиот мозок пред смртта?

„Слушнавме дека лекарите честопати се сведоци на позитивни реакции кај пациентите доколку нивните сакани разговараат со нив во тие последни моменти. Кога нашата мајка лежеше на смртна постела, сестра ми и јас седевме покрај неа, ја држевме за рака и ѝ шепотевме утешни зборови додека апаратот во болницата не покажа рамна линија.

Интуитивно помисливме дека можеби таа може да нè слушне. Никој со сигурност не знае што се случува кога ќе умреме, но истражувањето на одредени невронаучници покажува дека нашата интуиција би можела да биде во право“, раскажал д-р. Брајан Е. Робинсон, американски писател, психотерапевт и професор на Универзитетот во Северна Каролина.

„Во последните часови пред очекуваната природна смрт, многу луѓе влегуваат во период на нереагирање кога повеќе не реагираат на надворешното опкружување. Анегдотските извештаи за искуствата блиски до смртта обично вклучуваат приказни за личноста која умира и слуша необични звуци или како ја прогласуваат за мртва.

Во револуционерна студија од јуни 2020 година објавена на „Scientific Reports“, невронаучниците ги откриле првите емпириски докази дека некои луѓе можат да слушнат што се случува околу нив во таа фаза на негирање, неколку часа пред смртта“, појаснил тој.


Станува збор за истражување на невронаучниците од Универзитетот во Британска Колумбија кои со помош на индексот на ЕЕГ ја мереле електричната активност во мозокот на пациентите во St. John’s додека биле свесни и не реагирале.

Исто така, во истражувањето користеле и контролна група од млади, здрави учесници. Тие ги следеле реакциите на мозокот на тоновите и откриле дека аудитивните системи на пациентите кои умираат реагирале слично на оние на младите, здрави субјекти, само неколку часа пред да починат.

Тие заклучиле дека „мозокот кој умира реагира на звучни стимуланси дури и за време на несвесната состојба и дека слухот е последното сетило кое влегува во процесот на умирање“.

Многу луѓе кои имале искуства блиски до смртта го опишуваат тоа како чувство на стравопочит или блаженство, како и дека нерадо се вратиле во своите тела




Спонзорирани линкови

Маркетинг