Принцезата Шарлин од Монако се појавила во величествено монохроматско издание, а нејзиниот капут е биран многу внимателно и заслужен е за „wow“ ефектот којшто го постигнала.
Кнежевината Монако деновиве започнала да го одбележува националниот ден на Монако, а првиот настан на којшто владејачкото семејство се појавило била службата во катедралата Госпе.
Иако сите членови од семејството воодушевиле, сепак најголемо внимание привлекла принцезата Шарлин од Монако која последнава година е најпозната како „најтажната принцеза во Европа“, но нејзината насмевка покажува дека оваа „титула“ повеќе не ѝ прилега.
Сопругата на принцот Алберт II изгледала вообичаено божествено, а за оваа прилика избрала да носи монохроматски стајлинг што инаку ретко е нејзин избор. Сепак и кога носи еднобојно, Шарлин умее да остави впечаток, а овојпат главното оружје ѝ била раскошната црвена боја.
Принцезата ги поздравила и граѓаните во елегантен капут со А-крој, модел со широк крој којшто паѓа надолу и има дворедни копчиња, совршен доколку сакате визуелно да ја стеснете вашата фигура на тело и евентуално да скриете вишок килограми во пределот на колковите и стомакот.
Капутот го комбинирала со црвена блуза, чизми од модната куќа „Manolo Blahnik“ на висока потпетица и од превртена кожа, а носела и беретка и отмени ракавици.
Капут со А-крој – едноставен, а моќен
Во облеката со А-крој спаѓаат и моделите кои се шират во пределот на рамениците, а таквите парчиња се одличен начин да го „кренете“ струкот, така што фигурата делува многу витко.
Доколку не сакате претерано да го истакнувате стомакот, колковите и задникот, овој крој е одличен начин во тоа да бидете суптилни, а доколку немате проблем со тој дел од телото сепак ефектот е неверојатен.
Исто така овие капути се одлични поради тоа што ја издолжуваат фигурата на тело.