[ВИДЕО] Овој град е најпосетуваниот во Италија – има повеќе туристи отколку жители

Точка

09/11/2023

15:10

10.507

Големина на фонт

а а а

Во јужна Италија во текот на 2022 година имало пет милиони туристи, од кои 52 отсто Италијанци и 48 отсто од странство, според извештајот на Институтот „Свимез“.

Во извештајот се истакнува дека според резултатот на Наполи, еден од градовите на југот од Италија, во 2022 година имало повеќе странски туристи отколку Италијанци, пренесува „АНСА“.

Според извештајот, 70 отсто од општините во италијанскиот регион Кампанија се туристички, со токови кои главно ги апсорбираат провинциите Наполи и Салерно.


Попрецизно, во текот на 2022 година Кампанија е првопласираната покраина на југот од Италија, со 22 отсто туристи пред Сицилија со 19 отсто и Сардинија со 18 отсто.

Наполи и неговата провинција во тоа учествуваат со 65 отсто туристичко присуство, а следат Салерно и неговата провинција со 27 отсто.


Овие податоци укажуваат на заклучокот дека Кампанија го надминала шокот којшто се случил во текот на пандемијата на Ковид 19 иако присуството на туристи и натаму е за 19,4 отсто пониско од 2019 година, а наведено е и дека ситуацијата се подобрила и во текот на 2023 година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг