Актерката Емра Куртишова стана мајка. Таа заедно со својот сопруг, актерот Петар Стојанов станаа родители на ќерката Лена, a среќната вест Емра ја сподели на социјалните мрежи.
„Добредојде Лена. Те сакаме до месечината и назад“, напиша Емра покрај фотографијата од рачето на новородената ќерка.

Емра и Петар, нејзиниот колега од Театарот за деца и младинци, стапија во брак во јуни оваа година. Парот се венчаше по 3 години врска, а церемонијата се одржа во Гевгелија, од каде што потекнува Петар.
Актерката, која ретко зборува за својот приватен живот, ја криеше бременоста од јавноста, па ги изненади фановите со објавата дека се породила.
И нејзиниот сопруг, актерот Петар Стојанов, не ја криеше радоста од раѓањето на бебето.
„Емра ми ја подари најголемата среќа. Нѝ се роди ќерка... Лена... Нека е жива и здрава“, напиша тој на Фејсбук и доби многу честитки од своите пријатели.
Emra Kurtishova Stojanova ми ја подари нај големата среќа. Ни се роди ќерка... Лена ... Нека е жива и здрава! 🥂
Posted by Petar Stojanov on Friday, October 27, 2023











