Германскиот политичар и некогашен пратеник во ЕУ во Појасот Газа е обвинет за охрабрување на Хамас да користи параглајдери во нападот на Израел.
Свен Кун фон Бургсдорф кон средината на јули објави снимка на која се гледа како лета со параглајдер над Газа.
„Прв лет со параглајдер во Газа во историјата. Тоа ни кажува дека тука се е можно! Еднаш кога ќе ја ослободиме Палестина и Газа ќе можете да ја правите истата работа“, рекол дипломатот откако слетал на брегот на Газа.
Хамас неколку месеци подоцна, меѓутоа, користел параглајдери за да го нападне југот на Израел. Еврејската држава веднаш му објави војна на Хамас и започна разорни воздушни напади на газа.
Тоа го навело германскиот дипломат да го осуди Израел тврдејќи дека „не е важно“ што направил Хамас.
„Не може Израел да прави што сака бидејќи 1.000 Израелци доживеале сурови или шокантни дела. Тоа не е изговор кој можете да го користите за да ја срамните Газа“, рекол Свен Кун фон Бургсдорф во текот на едно неодамнешно радиоинтервју.
Дипломатот се нашол насред дебата околу војната меѓу Израел и Хамас откако повторно се појавила снимката на која лета со параглајдер над Газа, тврдејќи дека Палестинците би можеле да уживаат во работи како параглајдинг и кајак ако Израел ја прекине блокадата.
Израелското министерство за надворешни работи ја осудило тогаш снимката како облик на провокативна пропаганда која е служи да се засили Хамас.
„Европскиот дипломат одамна заборави дека ја претставува Европската унија и нејзините држави членки. Продолжува да го претставува палестинскиот наратив и да биде пропагандно оружје во рацете на терористичките организации кои ја контролираат Газа“, навело тогаш министерството.

Претставник на делегацијата на ЕУ во Палестина тогаш за „Reuters“ изјавил дека параглајдерот му припаѓал на германскиот дипломат.
Фон Бургсдорф ја напуштил функцијата во Газа во август, но продолжил да го изразува своето противење на акциите на Израел на палестинска територија.
Дипломатот во радиоинтервју за израелските медиуми рекол дека ништо не ја оправдува употребата на смртоносна сила.

„Не може Израел да се заканува дека ќе бомбардира коридори и пратки со хуманитарна помош. Тоа едноставно не смее да се случи. Тоа е уште едно воено злосторство“, додал дипломатот.
Фон Бургсдорф не го осудил нападот на Хамас во текот на кој настрадале неколку стотини невини цивили, меѓу кои жени и деца, а киднапирани се повеќе од 200 луѓе.















