Рој Хоџсон е убедливо највозрасен менаџер во англиската елита во овој момент, но 76-годишниот Англичанец и во оваа фаза од кариерата е подготвен за поставување нови стандарди.
Неговиот Кристал Палас вчера оствари херојска победа на гостувањето во Манчестер кај Јунајтед и уште толку ги фрустрираше момците на Ерик Тен Хаг, менаџер кој пак треба сериозно да биде загрижен за најлошиот старт на „ѓаволите“ откако е оформена Премиер лигата.
Четирите порази на првите седум меча се јасен сигнал дека работите не функционираат онака како што треба, но од друга страна пак, Хоџсон отсега ќе може да се пофали како единствениот тренер кој останал непоразен на пет натпревари во низа на театарот на соништата.
Roy Hodgson is the first manager to go five consecutive Premier League matches unbeaten at Old Trafford ? #MUNCRY pic.twitter.com/dypLG7AkgZ
— Premier League (@premierleague) September 30, 2023
Неговата серија на „Олд Трафорд“ започна во 2018-та година со реми без голови, проодлжи со победи од 1:2 и 1:3, а потоа беше заменет од Патрик Виеира во 2021-ва година.
Хоџсон остана непоразен на гостувањето во Манчестер и како менаџер на Вотфорд во 2022-ра година, а сега кога повторно се врати како менаџер на Кристал Палас, оствари нов триумф од 0:1.
– Начинот на кој играчите се бореа на теренот заслужува голема пофалба. Јасно е дека мора да страдате на „Олд Трафорд“, сигурно нема да пристигнете тука и да доминирате цел меч, – изјави легендарниот Хоџсон по победата и остварениот рекорд.