Клоп: Никогаш во мојот живот не сум бил дел од понеправеден натпревар!

Дерби

01/10/2023

11:23

2.123

Големина на фонт

а а а

Ливерпул вчера остана со девет играчи на теренот и со празни раце во последните минути од судиското продолжение, бидејќи Матип си даде несреќен автогол кој му донесе победа на Тотенхем во големото дерби.

Домашниот тим направи завршен притисок и успеа да профитира од преднсота од двајца играчи на теренот, па играчите во црвено дефинитивно имаа за што да бидат лути и бесни по последниот судиски свиреж.

Јирген Клоп се покажа како голем џентлмен и им честираше на ривалите за триумфот, но не го криеше незадоволството додека се обраќаше пред новинарите, уште помалку кога судиското тело во Англија призна дека бил поништен чист гол на Ливерпул при резултат 0:0.

Судиите досудија офсајд по голот кој го постигна Дијаз по додавање на Салах, но на крајот испадна дека била подвлечена погрешна линија и дека овој погодок бил регуларен. Кога на ова ќе се надоврзат и двата црвени картони, Клоп посочи дека никогаш во животот не бил дел од понеправеден натпревар.

– Никогаш во мојот живот не сум видел понеправеден меч од овој. Никогаш не сум бил погорд на мојот тим, но никогаш не сум бил дел од ваков нефер натпревар. Имаше неправедни околности и нефер судиски одлуки против нас. Што се однесува до играчите, тие за мене се големи како планина, тие се чудовишта. Матип имаше страшен меч, автоголот беше чиста случајност и несреќа. Можеби на вас ви е смешно како испадна натперварот, но за мене ова е доста скап пораз, – изјави Клоп.

– Џонс немаше намера да направи лош прекршок, судиите го подвлекоа забавениот момент и донесоа тешка одлука. Немаше намера за опасен старт, ако се гледа прекршокот без забавување на снимката, нема да покажете црвен картон. Што се однесува до поништениот гол, веднаш знаев дека не е офсајд. Подвлекоа лоши линии, го видовме тоа уште на полувреме. Со ова ќе се зборува со денови, но ништо нема да се промени. Видовме дека се направи грешка и против Вулвс на „Олд Трафорд“, но никој не му врати бодови на Вулверхемптон, нема да се случи и со нас, – изјави бесниот Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг