Курти: Доколку Србија не биде казнета, ќе го повтори делото

Макфакс

28/09/2023

13:12

1.944

Големина на фонт

а а а

Косовското собрание се согласи да подготви резолуција за осуда на нападите врз косовската полиција во селото Бањска во северно Косово.

Во судирите меѓу полицијата и вооружената група во Бањска во општина Звечан загинаа еден полицаец и тројца напаѓачи од српска националност.

Седницата на Собранието на Косово на 28 септември започна со едноминутно молчење во чест на убиениот полицаец.

Косовскиот премиер Албин Курти го повика меѓународниот фактор во Собранието да ја казни Србија за нападот во Бањска.

„Ако остане неказнетa, ​​тогаш ќе го повтори делото“, рече тој.