Автохтоните истарски маслинови масла се едни од најмоќните брендови од Хрватска во светот и заштитен знак на домашната гастрономија, но и земјоделството.
Благодарение на технологијата, истарските маслинари како едни од највредните хрватски амбасадори од година во година освојуваат најголеми признанија и ги позиционираат своите производи на највисоките полици во однос на глобалната конкуренција.
Дали тајната е во семејните производства, плодноста на истарската земја и географското поднебје или пак во сортите на својствата на маслинките кои ги негуваат истарските маслинари, откриле говорниците на панелот „Тајната на успехот на истарските маслинари одржан во состав со 16. Weekend Меdia Festival во Ровињ.
„Најзаслужни за имиџот и реномето на Истра во регионот и светот пред сѐ се истарските маслинари. Верувале или не, во Истра до 2004 година не постоеле флаширани и етикетирани маслинови масла, како ниту јасна насока на промоции на истите. Важно е со ваквите производи да бидете присутни таму каде се одржуваат маслинарски настани од највисок профил“, изјавил Денис Ивошевиќ, директор на Туристичката заедница на истарската жупанија и додал дека самиот квалитет и количина на маслиново масло произведено во Истра ги диктираат цените на истарското маслиново масло на полиците, а токму истарското маслиново масло ја има највисоката ценовна вредност на полиците ширум светот.
Дириана Делкаро Хреља, заменичка градоначалничка на градот Водњан и извршна директорка на фестивалот „Istavirgin“, воедно го најавила и еден од најголемите и најпрестижни маслинарски фестивали во регионот.
„Istravirgin“ – денови на младото маслиново масло, кој ќе се одржи по 17-ти пат во Водњан од 24 до 26 ноември годинава.
„Целта на Istravirgin е промовирање на младото масло, веднаш по бербата, а сега, освен на самото маслиново масло, посебно сме насочени и на промоција на технолошкиот процес, брендирање и јакнење на препознатливоста“, најавила Делкаро Хреља.
„Istravirgin“ е манифестација посветена на светот на врвното маслиново масло, негово произведување, употреба и иновации, но и место каде истарските маслинари премиерно ги изложуваат маслиновите масла по завршената берба.
Тие масла претставуваат автентична слика за регионот и ќе бидат достапни за вкусување и купување. Во средбите со маслинарите публиката ќе има можност да ги открие тајните на произведување на маслиново масло и да ужива во разновидноста на палетите кои Истра ги нуди.
„Cooking show“, мастеркласови за готвачи, шефови, сопственици на ресторани, но и самите маслинари, „oil bar“ и бројни дегустации се само дел од богатата програма која ги очекува посетителите на „Istravirgin“ манифестацијата.
За маслинарите, „Istravirgin“ е совршена можност за нови деловни партнерства, откривање на нови производи и промоции на прекрасното истарско маслиново масло на меѓународно ниво, а за сите љубители на добрата храна, висококвалитетното маслиново масло и за оние кои сакаат да откријат неверојатен свет на овој единствен производ, ова е можност низ три дена да „нурнат“ во кулинарското искуство.
Поради тоа, планирајте го викендот за доаѓање во Водњан и бидете дел од овој едноставен настан, истражете го светот на маслинарството и маслиновото масло – скапоцениот еликсир на Истра!
Заследете го „Istravirgin“ за детали на пограмата и пријавување во работилниците (ТУКА).