Тврдењата дека децата се враќаат од настава поради недостиг на асистенти, се целосно неточни: Училиштата од Аеродром деменатираат дека е хаос со образовни асистенти

Макфакс

14/09/2026

16:00

133

Големина на фонт

а а а

Училиштата во Општина Аеродром ги демантираат тврдењата за хаос поради недостиг на образовни асистенти и нагласуваат дека учениците редовно посетуваат настава со соодветна поддршка. Раководството презема мерки за организација и соработка со институциите за решавање на проблемот.

Училиштата во Аеродром ја демантираат информацијата за хаос поради неодстиг на образовни асистенти во оваа општина.

По повод објавениот текст со наслов „Хаос е со образовните асистенти во Аеродром: Децата ги враќаат од училиште, родителите оставени на цедило“, како основни општински училишта чувствуваме морална и професионална одговорност да информираме за вистинската состојба и целосно да ги демантираме дезинформациите кои внесуваат непотребна вознемиреност кај родителите и граѓаните, се истакнува во демантот од училиштата од Oпштина Аеродром.

Од таму нагласуваат дека училишниот инклузивен тим и стручните соработници се максимално посветени и се грижат за инклузијата и образовниот процес на сите свои ученици.

Тврдењата дека децата се враќаат од настава поради недостиг на асистенти, како што велат, се целосно неточни.

„Сите ученици редовно посетуваат настава од самиот почеток на учебната година за што е обезбедена соодветна поддршка од страна на инклузивните тимови. Иако во овој момент во училиштето недостасуваат образовни асистенти, раководството и стручната служба на училиштето веднаш презедоа мерки за соодветна организација:

Дел од постојните образовни асистенти, кога тоа го дозволуваат можностите и распоредот, покриваат и помагаат на учениците на кои им е потребна поддршка.

- Во преостанатите термини, членовите на стручната служба на училиштето директно влегуваат во наставата и го придружуваат ученикот.

Основните општински училишта остануваат посветени на безбедна, инклузивна и поддржувачка средина за сите ученици“.

Од таму појаснуваат дека проблемот со непополнетите места за образовни асистенти се решава во соработка со надлежните институции и истиот ќе биде целосно надминат во најкраток можен рок.

„Апелираме до сите политички субјекти и медиуми да не го користат чувствителниот процес на образование и инклузија на децата со попреченост за дневни политички препукувања и пласирање нецелосни или неточни информации“.