Рецепт за карфиол од рерна: Идеален ручек за којшто ви требаат неколку зачини и 20-на минути

Точка

27/09/2023

16:14

15.112

Големина на фонт

а а а

Карфиолот може да се каже дека не е најомилената намирница на луѓето, особено на децата. Сепак, оној којшто го подготвува знае дека доколку го направи како што треба, овој зеленчук може да биде вистински здрав оброк.

Овој рецепт за карфиол со зачини сигурно ќе ги освои вашите сетила.

Состојки:

- 1 карфиол;
- 2 лажици маслиново масло;
- ¾ лажички куркума во прав;
- ½ лажичка сол;
- ¼ лажичка мелена пиперка;
- ¼ лажичка кумин;
- ¼ лажичка лук во прав;
- ¼ лажичка ѓумбир во прав;
- ¼ лажичка цимет.


Подготовка:

Рерната вклучете ја и оставете ја да се загрее на 200 степени Целзиусови.

Обложете ја тепсијата со хартија за печење.

Карфиолот пресечете го на пола, а потоа откинете ги неговите делови. По ваша процена исечкајте го на помали парчиња.

Во една чинија ставете ги зачините, па соединете ги. Наместо ѓумбир може да користите и кромид во прав.

Карфиолот ставете го во поголем сад, прелијте го со маслиново масло, па добро измешајте. Секое парче треба да биде добро намачкано со масло.

Потоа додадете ја мешавината од зачини и повторно помешајте. Ставете го карфиолот во тепсијата и печете околу 20-на минути. На половина од печењето помешајте го карфиолот, па вратете го во рерна да се допече.


На здравје!




Спонзорирани линкови

Маркетинг