Ерик тен Хаг не попушта во случајот со Џејдон Санчо и фудбалерот нема да биде во комбинација во Манчестер Јунајтед и наредниот период, а дека не планира да ги менува своите принципи потврдува и во случајот со младиот Алехандро Гарначо.
Аргентинецот доби шанса на првите натпревари во август, а подоцна го загуби местото во тимот и ако добиваше минутажа, таа беше во завршницата на натпреварите.
Гарначо вчера се врати во првите единаесет против Кристал Палас и го постигна првиот гол сезонава, а Тен Хаг отворено ја објаснил ситуацијата со него.
– Знаете дека доби шанса на почетокот на сезоната, но неговиот придонес на теренот не беше на потребното ниво.
– Секогаш е закана за противникот, но мора да ја научи својата улога и во фазата на одбрана, а би сакал и во иднина да биде опасен во противничката половина како што беше денеска.
– Тој е млад фудбалер и нормално е дека има голем простор за напредок од секој аспект, – изјавил Тен Хаг.