Му се предвидуваше кариера како на Шевченко, но алкохолот го уништи: Сега во болница се борат за неговиот живот

Точка

26/09/2023

15:38

6.257

Големина на фонт

а а а

Тажна судбина на напаѓачот кој стана легенда на украинскиот фудбал.

Артјом Милевски, некогаш најталентиран украински напаѓач после Андреј Шевченко, е хоспитализиран бидејќи здравствената состојба одненадеж му се влошила.

Оваа информација ја објави неговиот поранешен соиграч Олександр Алијев, кој навел дека поради алкохол Милевски неколку дена е во болница.

„Фала му на Бога што успеавме да го сместиме во болница. Тука е веќе пет дена и ситуацијата е многу сериозна. Лекарите се борат и засега е добро“, рекол Алијев и му се заблагодарил на ФК Динамо Киев кој плаќа за неговото лекување.


Милевски кариерата официјално ја заврши во 2021-ва година, но со години не мислел само на фудбал. Ретко се појавува во јавноста, а последен пат бил виден со очигледен вишок на килограми. Исто така фудбалерот ги одбивал обидите да му се помогне.

Своевремено го имал и прекарот „МилеВиски“, а неговиот поранешен соиграч, Милош Нинковиќ, објаснил какви биле излегувањата со него.

„Друштвото за излегување бевме Јас, Милевски, Алекс Алијев и Игор Петковиќ. Можете ли да замислите како изгледаше тоа? Сите игравме за Б тимот на Динамо. Не се одвојувавме и беше многу забавно. Милевски, Алијев и јас ќе влезевме во ресторан во околу 8 часот навечер, а потоа околу полноќ ќе отидевме во некој клуб и ќе останевме цела вечер. Се сеќавам дека еднаш останавме до шест наутро. Му кажав на Артјом да си одиме, а тој ми кажа дека договорил да продолжиме. Ги знаеше местата што работеа и рано наутро. Се појавивме таму во седум наутро и немаше никој освен нас. Го прашав каде се сите, тој ми кажа да почекам. И навистина, луѓето почнаа да доаѓаат и имаше забава. Ништо слично не сум видел во животот“, вели Нинковиќ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг