Да, така Истражувачкиот институт на „Toyota“ (TRI) ја користи генеративната вештачка интелигенција во „градинка за роботи“ за да ги научи роботите како да подготвуваат појадок – или барем, индивидуални задачи за кои не биле потребни стотици часови кодирање и поправање на грешки. Наместо тоа, истражувачите тоа го постигнале така што на роботите им дале чувство за допир, вклучиле и „AI“ модел, а потоа им покажале како да го користат.
Чувството на допир е важен и клучен фактор, велат истражувачите. Давајќи им на роботите голем палец со перниче, моделот може да почувствува што прави, со што добива повеќе информации. Тоа ги прави задачите полесни за вршење.
Бен Бурчфил, менаџер на лабораторијата за вешта манипулација, вели дека е „возбудливо да се видат роботите како учат од своето окружение“. Прво „учителот“ им демонстрира група вештини, а потоа, во текот на неколку часа, моделот учи во позадина. Тој додава дека е „вообичаено да го подучуваме роботот попладне, да го пуштиме да учи преку ноќ, а потоа следното утро да дојдеме до ново однесување и начин на работа“.
Истражувачите велат дека се обидуваат да создаваат големи модели на однесување или „LBM“ за роботи. Слично како што „LPM“ се обучуваат така што би забележале обрасци во човечкото пишување, роботите на „Toyota“ би учеле со гледање, а потоа би извеле вештина која никогаш не ја учеле, вели Рас Тедраке, професор по роботика на „MIT“ и потпретседател за истражување на роботи во „TRI“.
Користејќи го овој процес, научниците велат дека ги обучиле роботите на повеќе од 60 вештини, како ставање течност, користење алат и друго. Сакаат тој број да го зголемат на 1.000 до крајот на 2024-та година.
„Google“ прави слично истражување со својот роботски трансформатор, „RT-2“, како и „Tesla“.