(Видео) Ален Исламовиќ пеел со уличен музичар во Ровињ: Изненадените минувачи уживале во перформансот

Точка

26/09/2023

13:10

4.467

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите музички ѕвезди од нашите простори, пејачот на популарните екс-ју групи, Бијело Дугме и Дивље Јагоде, Ален Исламовиќ, одлучил да ги изненади минувачите во Ровињ пеејќи со уличниот свирач.

Самиот Исламовиќ споделил видео од оваа средба и настап во хрватскиот град, пишувајќи: „Еве ме на плоштадот во Ровињ со уличниот звирач и мојот најголем хит во кариерата“.


Пејачот ја отпеал „Ѓурѓевдан“, хитот на Бијело Дугме од 1988 година, чиј фронтмен бил во периодот од 1986 до 1989 година.

На видеото може да се види популарниот пејач додека ја изведува песната во придружба на свирачот, а неговиот препознатлив глас набрзо привлекол многу минувачи.


За само неколку минути, околу Исламовиќ и непознатиот музичар се собрала група на луѓе кои го снимиле овој несекојдневен перформанс, а на крај дуото го наградиле со огромен аплауз.




Спонзорирани линкови

Маркетинг