Вкусот на детството: Уштипците на Ана се прават за кратко време, а рецептот е толку вкусен што ќе ги снема од трпезата дур да трепнете!

Точка

25/09/2023

16:56

14.253

Големина на фонт

а а а

На ист начин како што ги подготвувале нашите баби, блогерката Ана Петровиќ споделила рецепт за уштипци кои нè враќаат во детството.

Како што самата кажала, нејзиниот син сакал да ги појадува со сирење, ајвар или некоја пршута. Иако тестото е слатко, ние ги пробавме и во слатки и солени варијанти.“

Како и вкусовите, така и мислењата се поделени, а на вас останува да ја пронајдете омилената комбинација – џем, павлака, сирење или нешто друго.


Потребни состојки

250 милилитри јогурт;
250 милилитри млеко;
50 милилитри масло;
80 грама шеќер;
300 грама брашно;
100 грама густин (може брашно);
1 прашок за печиво.


Подготовка

Соединете ги сите состојки во компактна маса и со помош на две мали лажици истурете го тестото во добро загреано длабоко масло.

Пржете додека не поруменат.


Добар апетит!