Ќерката на една од најпознатите манекенки на 90-те за првпат прошета на пистата на Модната недела

Точка

23/09/2023

11:42

7.051

Големина на фонт

а а а

Грејс Брнс, ќерка на една од најпознатите манекенки на 90-те години, Кристи Тарлингтон, за првпат прошета на пистата на Модната недела.

Нејзиното деби на Модната недела во Милано следеше по само 3 месеци од нејзиниот прв манекенски ангажман кој вклучува шетање по писта.

Имено, откако овој јуни прошета на модната писта во Фиренца, на ревија на која соработувале „Vogue“ и „LuisaViaRoma“, Грејс за првпат била дел од Модната недела. Таа носела модел од новата колекција на италијанската дизајнерка Алберта Ферети во Милано.


Грејс не крие дека сака да ги следи стапките на нејзината мајка во однос на кариерата. Нејзината мајка, Кристи Тарлингтон, беше меѓу петте најпопуларни и најбарани модели во 90-те години. Заедно со неа, Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Еванџелиста и Татјана Патиц се модели кои ја постигнаа најголемата слава во тоа време и чија убавина е дел од историјата.


Пред неколку години, тогаш 50-годишната Кристи се појави нa ревијата на Марк Џејкобс за да ја инспирира својата ќерка. „Имам 15-годишна ќерка која очајно сакам да ме види и чуе, а ова е медиум што допира до неа“, рече тогаш таа.